top of page

АМС

Формирана во 1998 г.

Квалитетните програми за дополнителна едукација и високостручни и наменски обуки, како и методите и средствата за изведување на консултантскиот процес кои се во согласност со современите научни достигнувања, овозможуваат подигнување на нивото на компетенции кај нашите клиенти, како основа за непречен развој на спортските организации.

АМС спортски консалтинг

Нашата Визија

Наш  вистински предизвик е да останеме силна алка помеѓу потребите на нашите клиенти и правилното и успешно функционирање на спортските организации.

Нашата цел и мисија е да овозможиме високостручна и ефикасна консалтинг услуга, квалитетен тренинг процес и блиску до совршена организација на настани, кои во суштина ќе го олеснат функционирањето на нашите клиенти и истовремено ќе ги  поттикнат нивните интереси и способности.

sliki-80_edited.jpg

Николче Костовски

Талент менаџмент и финсниско менаџирање на спортисти

Николче Костовски е консултант во областа на спортски талент менаџмент, скаутинг и финансиско менаџирање на спортисти. Уште од 1998 година работел со повеќе од + 500 клиенти во различни полиња на работа. 

Покажувајќи специфично знаење и огромен интерес во начинот на функционирање на своите клиенти, се покажа како одличен помагач и поддржувач во развојот на нивните способности и вештини. 

Меѓу другото, неговиот консалтинг е фокусиран на помагање на клиентите во нивниот спортски и бизнис живот, истовремено поттикнувајќи ги на етички живот и развој на нивните компетенции.   

Email : nikolcekostovski@yahoo.com Tel: 00389 70 339 689

АМС - Тим

Веруваме во есенцијалноста на потребата од креирање на можности за соработка, меѓусебно помагање и подучување, меѓусебна доверба и доверување, за секој аспект од работата и живеењето, а во насока на континуирано напредување и усовршување на секој од нас поединечно.

( АМС - Агенција за спортски консалтинг)

Вредност 01.

Посветеност

Ние сме целосно насочени кон нашите клиенти и инсистираме на квалитет, практичност и доследност во спроведувањето на договореното.

Сериозно сме посветени на сите клиенти и на секој наш клиент пооделно.

Свесни сме за нашите досегашни постигнувања, но и за она што треба да го направиме за да влеземе во друштво на елитните спортски организации.

 

Гаранција дека ќе успееме во тоа се нашите целосно посветени консултанти и ментори.

bottom of page