top of page

Услуги

04. Спортска исхрана

Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти

Сметам дека книгата е многу корисна и ќе инспирира голем број од спортистите одговорно да се однесуваат во поглед на избор на храната, количината на храната, како и во поглед на времето кога таа ќе се зема. Книгата е корисна и за останатата популација, бидејќи дава препораки за правилна и здрава исхрана, особено кога како една од последиците на модерниот начин на живот е и прекумерната телесна тежина. Од сето горе наведено, книгата ќе биде корисна за читателите, заради што топло ја препорачувам.

​

Проф. Др. Лилјана Божиновска

Државен Универзитет на Јужна Каролина

повеќе...

​

​

​

Книгата ,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“ ги сублимира најновите стручни и научно засновани податоци и препораки за оптимална исхрана на спортистите, почнувајќи од изборот на квалитетни прехрамбени производи, додатоци, начин на приготвувањето, време на консумација, а се со единствена цел за максимално искористување на хранливите градбени и енергетски состојки на храната.

Стручниот аспект на книгата не ја прави помалку достапна и за пошироката читателска публика. Оваа книга е голем придонес за спортистите, тренерите, другите спортски работници, но ќе биде многу корисна и за секој човек кој би сакал да дознае повеќе за правилната исхрана.

​

Проф. др-сци Лазар Лазаров F.E.S.C

Специјалист интернист – субспецијалист кардиолог

Универзитетска Клиника за Кардиологија – Скопје

Редовен Професор по Интерна Медицина на Медицински Факултет при

Универзитет Свети Кирил и Методиј, Скопје

повеќе...

​

​

Големиот труд  вложен да се напише овај според мене неодминлив учебник, ќе им биде од голема корист на спортистите, нивните тренери, клубските лекари и студентите на кои  исхраната на спортистите е составен дел на  наставните предмети кои ги изучуваат. Авторите се потрудиле да се` биде напишано на разбирлив начин и концизно, за да правилно се разбере како треба да изгледа правилната исхрана, и уште повеќе, правилната спортска исхрана, која ќе придонесе кон зголемување на нивото на снага, брзина, и другите својства потребни за високи спортски резултати.

​

 Др. Игор Алтипармаковски

Специјалист по Спортска Медицина

повеќе...

01.png
04.png
06.jpg

Услуги

Тренинг диети:

  • Правилно користење на пирамида на исхрана

  • Нутритивна стратегија пред, за време и после тренинг

  • Хидратација

  • Суплементација

побарај услуга...

​

Стратегија на исхрана за натпревари:

  • Видови на хранливи намирници

  • Количина

  • Време на конзумација

  • Наменска нутритивна стратегија во зависност од спортот

побарај услуга...

​

Готвач за правилна и вкусна спортска исхрана - изберете храна која е вкусна и истовремено ќе одговара на вашите енергетски потреби:

  • Појадок ( 7 рецепти)

  • Супи (12 рецепти)

  • Главни оброци (11 рецепти)

  • Вегетаријански главни оброци (11 рецепти)

  • Салати и преливи (16 рецепти)

  • Тестенини, ориз и друга зрнеста храна (19 рецепти)

  • Колачи (15 рецепти)

  • Напитоци / смути (8 рецепти)

789---mushroom-and-sweet-potato-soup---(
Готвач
1290 ден.
нарачај
Готвач
bottom of page