Опасно молчење
- АСК Феникс АМС

- Feb 28, 2022
- 3 min read
Updated: 1 day ago
1968 година во својот говор Мартин Лутер Кинг рекол: „На крај, нема да ги помниме зборовите на нашите непријатели, туку молчењето на нашите пријатели“.
Секој ден, насекаде околу нас ги гледаме последиците на молчењето кои се манифестираат како дискриминација, непотизам, криминал и декаденција.
На тренинг сесиите, ги предизвикувам моите клиенти да го истражат молкот во нивните животи и празнините кои тој молк ги создава. Се трудам да работиме заедно и да ги исполниме тие празнини, да ги дефинираме, да разбереме дека можеме да не дозволиме тие празнини да бидат извор на срам.
Во напорите да во моето работење креирам култура на сигурност и споделување на сопствените размисли, се раководам од четири основни принципи: биди критичен, постапувај совесно, зборувај јасно и кажи ја својата вистина.
Многу често размислувам за ова последното „кажи ја својата вистина“.
Во реалниот живот, ако јас сакам моите клиенти да ја говорат вистината, тогаш тоа морам да го направам прво јас и да бидам искрен со нив за моментите кога не сум успеал да го направам тоа.

Токму говорејќи ја својата вистина, еден мој клиент ми рече:
,,Извесен период, јас се откажав од зборувањето, се откажав од здравиот разум и молчев, сакав да дадам можност ете и останатите да го победат молкот кој ги обвива.
Долго време на луѓето им го кажував она што тие сакаа да го слушнат наместо она што треба да го слушнат. Не сакав да бидам ничија совест заради тоа што сеуште се обидував да ја контролирам својата. Па, понекогаш и тоа многу често не зборував ништо. Со моето молчење удоволував на незнаењето, несвесен дека нив не им требаат зборови за валидирање на нивните постапки.
Кога јавно се крадеше и се правеа секакви перверзии, ги ставав рацете во џеб и шетав со наведната глава, како да не го забележувам тоа. Со недели замижував и не ги отворав очите пред очигледното уништување. Бев попосветен на работата за која мислев дека ќе помогне, наместо непосредно да помогнам во спречувањето на шарлатаните да крадат и да ги уништуваат соништата на сите во спортот.
И кога ме фалеа дека сум добар, ја гризнував усната и молчев, заради тоа што се надевав дека конечно некој навистина ќе сака да го достигне вистинскиот потенцијал во Македонија, дека конечно ќе поминат преку сопствената алчност и ќе ја работат работата за која се платени.“
Сите ги слушаме работите кои луѓето ги говорат, а скоро никогаш не обрнуваме внимание на работите кои ги премолчуваат.
Молкот е производ на стравот. Ги крие вашите недостатоци, го пресекува вашиот јазик, го извлекува воздухот од вашите гради, па заради тоа не се чувствувате сигурно.
Молчењето го наградува непотизмот, молчењето ја „озаконува“ дискриминацијата!
Кога молчите никако и никогаш нема да ги одберете вашите битки, туку тие веќе ве избрале вас, тогаш молчењето ќе го обвие целото ваше битие.
Тогаш кога нема некому да кажете дека е лажго, дека е криминалец, тогаш нема да бидете човек, молчењето вас ве прави мртви.
Доста е!
Наместо постојано нешто да премолчувате и од нешто непрестајно да се откажувате, продолжете без ни трошка усул. Во ниеден случај веќе не дозволувајте попречување и непризнавање на одработеното, никогаш не премолчувајте пред криминалот кој очигледно без ни малку срам и почит се прави пред вас.
Знаете зошто, заради тоа што единствено нешто што ви треба, единствено нешто што е потребно за сите нас кои имаме барем малку разум, за да го разоткриеме и сопреме криминалот е само нашиот глас!
Николче Костовски




Comments